Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow Новости arrow Младиот македонски блогер Даниел Краљевски ја издаде третата книга под Криејтив комонс
Младиот македонски блогер Даниел Краљевски ја издаде третата книга под Криејтив комонс Испечати Е-пошта
19.05.2009.
kralj---3-dela.png

Даниел Краљевски, 20-годишен блогер кој почнал да пишува за, како што вели самиот, „таа читајќи ме да се насмевне“, по трет пат ги објави своите убави зборови во форма на електронска книга, под Криејтив комонс лиценца.

Најновата книга, насловена „Заробени чувства“ е збирка од 63 песни и неколку хаику. Таа претставува одраз на чувствата на авторот опишани низ стихови, или како што вели самиот, „чувства предизвикани од предизвикот да се љуби без да се постигне добивка од љубениот“. Името на книгата доаѓа од начинот на кој е создадена и она што таа претставува... „тесна просторија во која се заробени сите мои чувства, бидејќи секој неуспешен обид за расказ завршуваше со стихови“, изјавува Краљевски. Книгата, како и претходните две, му е посветена на девојчето со обоено име, кое сите ја знаат како Бокас! „Заробени чувства“ е дело спакувано на 73 страници, кое во ПДФ формат стана достапно за преземање преку македонскиот портал за споделување на содржини заштитени со Криејтив комонс лиценци. Ова дело е достапно под лиценцата Наведи извор-Сподели под исти услови 2.5 Македонија.

Претходното дело од истиот блогер, автор и поет, „Забрането бладање“, беше објавено пред само неколку дена. Ова научно-фантастично дело се состои од раскази распределени во 3 меѓусебно поврзани делови. „Сите раскази се базираат на љубовна приказна која се обидува да го прошири хоризонтот на вљубените, да им покаже нешто кое ќе ја дефинира духовната љубов која е без страсти, чиста како планински извор и љубов која не бара ништо за возврат од љубениот“, вели Краљевски за својата втора книга, објавена под истата лиценца како и „Заробени чувства“.

Првата електронска книга на овој автор беше објавена на почетокот на годинава. Насловот на ова дело гласи „Јас сум љубов“ и претставува збирка раскази во која секој расказ е посебна вистинска приказна.

Даниел Краљевски е роден и живее во Куманово. Најпрво започнал да пишува на блог (блогот регистриран на Блогерај и оној на Вордпрес) бидејќи имал потреба да ги искаже своите чувства. За жал, ниедна од неговите книги не е испечатена, бидејќи тој самиот не може финансиски да си го дозволи тоа. Сепак оптимистично вели: „она што го постигнав со пишување на моите три книги не е ништо повеќе од една воздишка со пријатно чувство во моите гради. Нивното печатење ќе остане во исчекување на некој конкурс или проект на владата...“.

Заедно со писателот и професор по македонски јазик, Светослав Раќик – исто така застапен на порталов, Даниел е и уредник на блоговите „мостови" и „mostovi“ кои служат за промоција на македонски млади таленти во Босна и на босански таленти во Македонија, соодветно.

 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia