Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела

upload.jpg

Ако веќе имате дела објавени под Криејтив комонс, поставете линк до нив. Ако сте автори на дела кои би ги објавиле под Криејтив комонс, а немате простор на веб за тоа, може да го искористите овој портал.

Секој нов автор најпрво треба да го регистрира своето членство на порталот, доколку сака да постави свое дело или линк до истото со цел да биде достапно за останатите посетители.

Објавените дела и додадените линкови потоа стануваат достапни за пребарување, така што посетителите можат да ги преземаат, посетуваат и употребуваат, секако под условите кои авторот ги навел. Информирајте се повеќе!

 
Почетна
Археолошкиот дневник - првата книга на Arwena отсега достапна и онлајн Испечати Е-пошта
23.04.2009.
arwena-mala.png Димитровска Василка - Arwena, една од најпопуларните македонски блогерки и единствен археолог од Македонија кој пишува на интернет, ја објави својата прва збирка текстови "Археолошки дневник" во електронска форма, под Криејтив комонс лиценца.

Збирката, насловена исто како и блогот на Arwena, се состои од избор на постови пишувани исклучиво он-лајн и не го отсликуваат во целост нејзиното мислење, бидејќи во конципирањето на книгата повеќе значење се придодало на научно-популарните текстови.

„Мислам дека успешно ја одбегнав замката сите овие години да бидам само уште една репликација на македонските весници и секојдневието кое не опкружува. Се надевам дека преку Археоблогот успеав барем делумно во обидот на сите вас да ви ја пренесам идејата оти археологијата не е само наука за минатото и мртвите луѓе. Дека е присутна помеѓу нас во секое време и во секаков облик. Всушност с(ветот)è околу нас е археологија“ - изјави Димитровска.

Блогот на Arwena е еден од ретките тематски блогови на македонски јазик, кои во исто време се квалитетни, популарни и атрактивни со издржани научни текстови, критики, анализи и свои ставови кои, во нејзиниот случај, од почетокот на блогирањето одат под лиценцата на Криејтив Комонс. Содржините објавувани на овој блог се групирани во повеќе категории, но генерално може да се издвојат две поголеми области: археологијата (општо, но и со осврт на актуелните случувања на тоа поле во Македонија), како и со споделување лични искуства од сопствената кариера на авторката.

„Во 21 век кога светот стана глобално село, знаењето не треба да се крие, туку да се споделува. За еден подобар свет. Затоа оваа книга е подарок од мене до сите вас. А ќе ги има и понатаму, во хард копи или е-форма.“

Книгата „Археолошки дневник“ прво беше издадена во печатена форма од страна на издавачката куќа „Аквариус пет“, како дел од едицијата „Блог записи“. Сега е достапна и во електронска верзија под Криејтив комонс лиценцата Наведи извор-Некомерцијално 3.0 Unported, а во неа дополнително е вклучена рецензија за делото од Букарски.

 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Carryhealthy.com
Pharmshop.biz
Pharmausabuyonline.com
Ivantagehealth.net
ushealthworks.net
orderpharmaonline.com
implantologiadentalepisa.com
Pharmapillsdiscount.com
Lifestore24x7.com
Pharmashopbiz.com
safest place to buy levitra online
viagra buy online india
prednisone online sales
where to buy generic cialis online safely
buy levitra ireland
where can i buy viagra in nz
buy prednisone online australia
buy viagra cialis or levitra
buy levitra ireland
where can i buy viagra in nz
buy prednisone online australia
buy viagra cialis or levitra