|
Блогерот Рибаро ја објави дебитантската книга под Криејтив комонс |
|
|
|
16.04.2009. |
Влијателниот македонски блогер Јане Ѓорѓиоски – Рибаро ја објави збирката раскази „Од Cabaret до OZ“ во форма на е-книга, бесплатно достапна за симнување под лиценца на Криејтив комонс.
Книгата „Од Cabaret до OZ“ е првото дело на Јане Ѓорѓиоски, кој на својот блог Рибаро објавува и литературни дела, но и го користи за прогресивен општествен активизам.
Видено низ постмодернистичка призма, книгата може да ја сметаме и за
структурно разграден роман или новела, а интензитетот на приказните се
зголемува прогресивно низ целата книга. Текстовите првобитно се
објавени од блогот на авторот, а печатеното издание го објави
издавачката куќа „Аквариус пет“ во едицијата „Блог записи“ во март 2008
година.
Текстовите првобитно беа во електронска форма - како блог постови, па
многу природно ми изгледаше тие да се вратат во тој формат, како и
настанаа. Ефектот е комплетен ако книгата се движи слободно низ
е-просторот, а не заробена во корици. Секако достапноста е таа која го
прави едно дело да го достигне својот зенит- да биде прочитано од
поголема публика - изјави Ѓорѓиоски.
Е-книгата е достапна за симнување преку Порталот за авторски содржини
од Македонија објавени под лиценци од палетата на Криејтив комонс, чија
намена е да послужи на сите поборници на слободната култура полесен
пристап до дела, а на авторите и место за складирање доколку немаат
сопствени веб-сајтови.
|