|
Како да ставам Creative Commons® лиценца на моето дело? |
|
|
|
21.06.2007. |
За он-лајн делата, Creative Commons лиценца на делото се става со селектирање на лиценцата која одговара на вашите преференци . Откако ќе ја изберете вашата лиценца и ако ја ставате на он-лајн дело, следете ги упатствата за вклучување на html кодот во вашето дело. Овој код автоматски ќе го генерира “Some Rights Reserved” копчето и изјава дека вашето дело е лиценцирано со Creative Commons лиценца, или “No Rights Reserved” копче доколку одберете вашето дело да го посветите на јавниот домен. Копчето е дизајнирано да функционира како известување за лицата кои доаѓаат во контакт со вашето дело дека вашето дело е лиценцирано со применливата Creative Commons лиценца. Html кодот исто така ќе вклучи и мета податоци што овозможуваат вашето дело да се најде преку пребарувачите овозможени преку Creative Commons .
|