Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела

upload.jpg

Ако веќе имате дела објавени под Криејтив комонс, поставете линк до нив. Ако сте автори на дела кои би ги објавиле под Криејтив комонс, а немате простор на веб за тоа, може да го искористите овој портал.

Секој нов автор најпрво треба да го регистрира своето членство на порталот, доколку сака да постави свое дело или линк до истото со цел да биде достапно за останатите посетители.

Објавените дела и додадените линкови потоа стануваат достапни за пребарување, така што посетителите можат да ги преземаат, посетуваат и употребуваат, секако под условите кои авторот ги навел. Информирајте се повеќе!

 
Почетна
Македонски филмски ентузијасти се промовираат под Криејтив комонс Испечати Е-пошта
25.08.2008.
master-interaktiv.png Неодамна, групата млади ентузијасти кои работат под името „МАСТЕР Интерактив“, а се занимаваат со изработка на краткометражни филмови, ја лиценцираа својата работа под Криејтив комонс. Филмските дела се поставени на официјалниот веб-сајт на клубот и им се на располагање на посетителите , се додека тие ги почитуваат условите пропишани во лиценцата: Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови 2.5 Македонија.

Кино клубот„ МАСТЕР Интерактив“ е формиран во летото 2003 година во Кратово, под иницијатива на повеќе млади луѓе – љубители на филмот. Основната дејност на кино клубот е изработка на алтернативни (непрофесионални) краткометражни филмски дела. Клубот се занимава и со промоција на филмот преку организирање на разни активности и настани, соработка со други кино клубови, учество на фестивали и слично. До денес има продуцирано над 30 филмски дела, учествувано на државни и меѓународни натпревари каде има освоено голем број на признанија и награди. Денес клубот „ МАСТЕР Интерактив“има околу 80 членови и соработници, главно од Кратово и Скопје.

Во функција на дејноста на клубот, до пред извесно време функционираше еден веб-сајт кој беше мошне едноставен. Од пред половина година, филмовите на „МАСТЕР Интерактив“ беа поставени на YouTube, па како резултат на големата посетеност на нивниот YouTube канал, се роди идејата за изработка на нов и помодерен веб-сајт. Листата на досегашните филмски остварувања на клубот може да се најде на овој портал и истата е од освежувачки карактер.

По изработката на првите документарни филмови, креаторите се имаат соочено со нивна злоупотреба, односно тие биле користени без знаење и дозвола, во комерцијални цели. Ова беше повод за да преземат соодветни мерки за нивна заштита, додека истовремено не сакаа да им го оневозможат пристапот до делата на љубителите на филмската уметност. Кога дознаа за Криејтив комонс, веднаш  решија да ги заштитат и истовремено споделат делата под лиценцата: Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови 2.5 Македонија.

Изборот на оваа лиценца го направија за да им овозможат на сите заинтересирани да ги споделат и да ги адаптираат филмовите, доколку го наведат изворот, ги користат во некомерцијални цели и ги споделуваат под истите услови. „Со оваа лиценца во целост се задоволени нашите критериуми за споделување и промовирање на нашите филмови. Се надеваме дека лиценцата ќе биде почитувана.“, вели Ѓорги Какашевски, еден од членовите на клубот кој работи во улога на режисер, сценарист, камерман, монтажер, тон и светло мајстор.

Кино клубот „МАСТЕР Инетерактив“ продолжува со снимање на краткометражни филмови и нивно промовирање. И наредните филмови ќе бидат објавувани под Криејтив комонс.

 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Order Cheap Female Viagra (Sildenafil) Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online
Buy Cheap Cialis Professional Online
Buy Cheap Flagyl Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
buy levitra in new zealand
viagra buy online usa
buy prednisone 10mg
cialis viagra cheap
buy generic levitra with dapoxetine
viagra tablets for male online shopping in india
buy prednisone online cheap
buy generic viagra cialis levitra
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online