Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела

upload.jpg

Ако веќе имате дела објавени под Криејтив комонс, поставете линк до нив. Ако сте автори на дела кои би ги објавиле под Криејтив комонс, а немате простор на веб за тоа, може да го искористите овој портал.

Секој нов автор најпрво треба да го регистрира своето членство на порталот, доколку сака да постави свое дело или линк до истото со цел да биде достапно за останатите посетители.

Објавените дела и додадените линкови потоа стануваат достапни за пребарување, така што посетителите можат да ги преземаат, посетуваат и употребуваат, секако под условите кои авторот ги навел. Информирајте се повеќе!

 
Почетна
Конкурс за најдобра фотографија или видео клип од мобилен телефон Испечати Е-пошта
2.07.2008.

Тема: „лето“

Криејтив комонс Македонија објавува конкурс за најдобра фотографија или најдобар видео клип направени со помош на вградена камера од мобилен телефон. Темата е „лето“ по повод стапувањето на ова годишно време, а конкурсот ќе трае до 23 септември, односно до крајот на летото.

Сите пријавени фотографии и кратки видеа ќе бидат достапни преку веб-сајтот за авторски содржини: www.cc.org.mk под лиценцата Наведи извор 2.5 Македонија. Тоа значи дека секој ќе може да го употреби вашето дело, но при тоа ќе биде обврзан да го наведе изворот на оригиналното дело. Целта на овој конкурс е поттикнување на што поголем број корисници на мобилен телефон од Македонија (и аматери и професионалци), да споделат e-содржини со остатокот од светот.

Вашите дела или линкови до нив, поставувајте ги на порталот во категоријата „Криејтив комонс конкурс“, во поткатегоријата „фотографија“ или „видео“ соодветно, заедно со вашите лични податоци: име, презиме и возраст. Доколку имате прашања во врска со начинот на поставување на делата, испраќајте ги на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете Дополнително во врска со ова, можете да се информирате овде.

Авторот на најдобрата фотографија или кратко видео ќе биде награден со мобилен телефон Sony Ericsson K810i. Изборот на најдоброто дело ќе биде направен од страна на стручно жири.

Секој учесник на конкурсот може да испраќа повеќе дела, но добитник на наградата ќе биде само еден артист, без разлика дали тој ќе биде автор на фотографија или на кратко видео.

Испратените дела:

не смеат да содржат елементи на насилство, порнографија, расизам или некој друг облик на дискриминација, ниту пак да претставуваат плагирани дела
не смеат да ја нарушуваат приватноста на луѓето, односно сите фотографирани и снимени луѓе мора претходно да ја дале својата согласност за тоа
не смеат да бидат обработувани со програми за обработка на фотографии или видеа, соодветно
не мора да го претставуваат овогодишното лето, што значи дека ќе бидат земени во предвид и делата кои се направени порано, а за таа цел била користена камера од мобилен телефон и притоа одговараат на зададената тема
треба да се направени со камера од мобилен телефон со квалитет не помал од 1MP

 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Carryhealthy.comPharmshop.biz