Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела

upload.jpg

Ако веќе имате дела објавени под Криејтив комонс, поставете линк до нив. Ако сте автори на дела кои би ги објавиле под Криејтив комонс, а немате простор на веб за тоа, може да го искористите овој портал.

Секој нов автор најпрво треба да го регистрира своето членство на порталот, доколку сака да постави свое дело или линк до истото со цел да биде достапно за останатите посетители.

Објавените дела и додадените линкови потоа стануваат достапни за пребарување, така што посетителите можат да ги преземаат, посетуваат и употребуваат, секако под условите кои авторот ги навел. Информирајте се повеќе!

 
Почетна
Јурак от Петроф објави е-книга под Криејтив комонс Испечати Е-пошта
20.06.2008.
cover_jurak.png
Интересен склоп од песни, интервјуа и фотографии кои го одбележуваат она што Јурак от Петроф го остава зад себе на својот блог, вчера беше објавен во вид на е-книга на порталот за авторски содржини, под Криејтив комонс лиценца.

Хенк ова не го правел никогаш“ е насловот на делото објавено во PDF формат и слободно за преземање од страна на заинтересираната читателска публика.

Одлуката да се објави ова дело под Криејтив комонс, Јуракот ја има донесено заради времето во кое живееме, или како што тој вели „дигитално и пиратско до коска“. Во продолжение, вели тој: „Оригиналите конечно умреа и на одреден начин тоа ме прави многу релаксиран. Всушност целиот концепт на оригиналност драматично е променет. Денес имаме една единствена копија, закачена на даден сервер и истата ја симнуваат и делат стотици, илјадници, а сето тоа се случува неверојатно брзо и речиси истовремено. Со ова оригиналноста останува во содржините на самото дело, а на авторот му се дава шанса да влезе во сите тие персоналци бивајќи дигитален ексклузивитет, чиста идеја, фикција - родно место на пораките што ги носи“.

Според него, делото конечно му се вратило на авторот и со ова завршило посредништвото, ограничените тиражи, цензурата - монополот над книжевноста, што подразбира кој смее, а кој не смее да објавува. „Сега 'продава' единствениот кој има одговорност тоа да го прави - авторот, а Криејтив Комонс одлично ја легитимира таа врска помеѓу авторот и неговото дело“, вели Јуракот.

„Хенк ова не го правел никогаш“ претставува колекција од 30 песни плус бонус, 2 интервјуа и 5 фотографии, сите создадени во периодот 2006-2008 година.

„Дизајнот за колекцијата е динамичен, тоа е класичен веб дизајн и уште едно дополнување кон идејата и прагматичната функционалност на мрежата. Песните се фиктивно поделени на 3. 3 нешта. Веројатно се тоа различни фази на осаменост пласирани во различно време. Тука се жените, пијачките, баровите.. љубовта, сексот.. и конечно, тука е отсуството на сето тоа. Изгледа дека минатото е искуство без некоја особена функција, еден вид на совет што задоцнил на целта,“ ја завршува мислата Јурак от Петроф.
 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com