|
Македонија: од е-книга до печатено издание преку Криејтив комонс |
|
|
|
21.04.2008. |
|
Вечерва, со почеток во 20:30 часот, во културниот центар Точка ќе биде промовирано печатеното издание на книгата „Варски и други раскази“ која првично беше издадена во електронска форма под Криејтив комонс, а чиј автор е Душко Гошевски.
Дуле Варваринот од Валандово како што е повеќе познат авторот на ова дело, ја објави книгата „Варски и други раскази“ на овој портал
во електронска форма на 8 февруари оваа година и до сега е преземена
околу 2400 пати, што јасно зборува за ефектот од промовирањето на
е-содржини преку Криејтив комонс. Содржините на оваа книга се во
најголем дел избрани постови од неговиот блог, каде покрај раскази и поезија тој објавува и критики за книжевноста, уметноста и музиката.
„Варски и други раскази“ е првото објавено дело на овој писател кое
вечерва ќе ја доживее својата промоција и во печатено издание. Инаку, печатеното издание на
книгата ќе биде дигитализирано и исто така објавено под Криејтив комонс
лиценца. Во исто време, достапно ќе остане за преземање и првото
електронско издание.
|