Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow CC во медиумите arrow ЕДРИ
ЕДРИ Испечати Е-пошта
9.04.2008.
ЕДРИ (Европски дигитални права) е асоцијација основана во јуни 2002 година. Неа ја сочинуваат организации што се занимаваат со приватност и граѓански права на Интернет. Вкупно ги има 21, од 14 земји, меѓу кои и фондацијата „Метаморфозис“ како претставник од Република Македонија.


Членките се здружуваат за да ги бранат граѓанските права во информациското општество, одговарајќи на зголемената потреба за соработка помеѓу европските организации, со оглед на растечкото регулирање на Интернет, авторските права и на приватноста што доаѓа од Европската Унија.

Од 2003 година ЕДРИ го издава ЕДРИ-грамот, двонеделен дигитален билтен во врска со дигиталните граѓански права во Европа. На веб-сајтот е достапна целата архива на ЕДРИ-грамот, а пријавувањето да го добивате преку електронска пошта е бесплатно и едноставно.

ЕДРИ-грамот е интересен и за медиумите, оти неговата лиценца под „Криејтив комонс“ дозволува неговите содржини да се користат и да се пренесуваат во комерцијални цели. Сајтот ползува стандардни програмски решенија од областа на слободниот софтвер (друпал).

ЕДРИ организира кампањи за горливи прашања на ниво на Европа. Во тек е потпишувањето на петицијата против „задржување на податоците“ (дата ретентион) – архивирање на податоците за телефонскиот и за интернет-сообраќајот на 450 милиони Европејци на долги рокови од страна на Европската комисија. Според ЕДРИ, оваа иницијатива ја нарушува приватноста, спротивна е на членот 8 од Европската конвенција за човекови права и остава многу поголема можност за злоупотреба, отколку за зголемување на безбедноста.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 7/10
Јазик: англиски
Адреса: http://www.edri.org

Филип Стојановски
Извор: Време , рубрика: Веб-сајт на денот, датум на објавување: 22.08.2005

 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Carryhealthy.com
Pharmshop.biz
Pharmausabuyonline.com
Ivantagehealth.net
ushealthworks.net
orderpharmaonline.com
implantologiadentalepisa.com
Pharmapillsdiscount.com
Lifestore24x7.com
Pharmashopbiz.com
safest place to buy levitra online
viagra buy online india
prednisone online sales
where to buy generic cialis online safely
buy levitra ireland
where can i buy viagra in nz
buy prednisone online australia
buy viagra cialis or levitra
buy levitra ireland
where can i buy viagra in nz
buy prednisone online australia
buy viagra cialis or levitra