Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow CC во медиумите arrow „Мемори алфа“ - архива на знаења за „Ѕвездени патеки“
„Мемори алфа“ - архива на знаења за „Ѕвездени патеки“ Испечати Е-пошта
9.04.2008.
„Мемори алфа“ е колаборативен енциклопедиски проект чија цел е да се направи најкомплетна, најточна и најдостапна збирка на информации за фиктивниот универзум на „Ѕвездени патеки“.
Постои од 2003 година, а до 2006-та во англиската верзија се внесени над 17. 000 написи, што ја прави еден од најголемите проекти од типот вики на Интернет.

За разлика од „Википедија“, содржините на „Мемори алфа“ се лиценцирани под Криејтив комонс (Цреативе Цоммонс Аттрибутион-Нон-Цоммерциал лиценсе), со што се ограничува нивната употреба за комерцијални цели.
Идејата за создавање ваква е-енциклопедија се базира на неуспехот на повеќе сајтови со слична намера, кои се или недовршени или се тргнати од Интернет. Основачите на „Мемори алфа“ решиле да го употребат вики-моделот поради можноста работата да се сподели со повеќе луѓе, преку создавање заедница. Тие исто така воспоставиле добри односи со други вики-проекти од кои добиваат поддршка.
Една од посебностите на „Мемори алфа“ е што ја користат насловната страница за претставување „одбрани написи“, кои често не се во врска со некој важен елемент од серијата, туку може и да се за минорни детали или ликови, но ја следат структурата на текстот што е препорачана од уредниците.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ
 
Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: вики
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазици: англиски, германски, шпански, есперанто, француски, холандски, полски, шведски
 
Филип Стојановски
Извор: Време , рубрика: Веб-сајт на денот, датум на објавување: 11.05.2006
 

 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com