Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела

upload.jpg

Ако веќе имате дела објавени под Криејтив комонс, поставете линк до нив. Ако сте автори на дела кои би ги објавиле под Криејтив комонс, а немате простор на веб за тоа, може да го искористите овој портал.

Секој нов автор најпрво треба да го регистрира своето членство на порталот, доколку сака да постави свое дело или линк до истото со цел да биде достапно за останатите посетители.

Објавените дела и додадените линкови потоа стануваат достапни за пребарување, така што посетителите можат да ги преземаат, посетуваат и употребуваат, секако под условите кои авторот ги навел. Информирајте се повеќе!

 
Почетна
Романот „Мојот Скендербеј“ на Драги Михајловски достапен преку интернет Испечати Е-пошта
31.03.2008.
Од денес, во електронска верзија, стана бесплатно достапен за преземање романот „Мојот Скендербеј“ од Драги Михајловски. Со тоа, се заокружува процесот на дигитализација на неговите дела кој траеше цели два месеци. За ова време, вкупно 14 дела од овој македонски професор, преведувач и писател, станаа бесплатно достапни за преземање од веб-порталот за авторски содржини од македонски автори и уметници.

На 2 март, на порталот беше објавено првото дело „Секое зло за арно“ од Вилијам Шекспир за кое Драги Михајловски го има направено првиот превод на македонски јазик. Во продолжение следуваа останатите 10 драми од Шекспир кои исто така се преведени од Драги Михајловски. Во меѓувреме беше објавена и неговата збирка раскази „Раскази од Шести кат“, а денес како заокружување на овој процес на дигитализација на неговите дела, на порталот се објави пакет од 11-те драми од Шекспир, кои се исто така достапни за преземање и како посебни дела, како и познатиот роман „Мојот Скендербеј“, кој во печатена форма е достапен од 2006 година, а наредната година стана добитник на престижната книжевна награда Стале Попов.

Збогатувајќи го електронски достапниот пишан збор на македонски јазик, Драги Михајловски влијае на ширењето на македонската литература и култура воопшто и помеѓу луѓето кои од финансиски или географски причини не секогаш се во можност да дојдат до неговите дела.

Ставајќи ги овие 14 дела во електронска форма на порталот, тие станаа бесплатно достапни за преземање, после што слободно можат да се користат се додека се почитуваат условите кои се пропишани во Криејтив комонс лиценцата со која нив Михајловски ги заштити. Тие услови дозволуваат користење на секое од делата од страна на секој кој ќе го наведе изворот на трудот секогаш кога ќе се повика на него, а забрануваат користење на делата за комерцијална употреба, како и правење на нивни модификации и адаптации.

Дигитализирањето на делата на Драги Михајловски претставува едно од најзначајните нешта кои се случуваат во процесот на ширење на македонски содржини во електронска форма.

 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Carryhealthy.com
Pharmshop.biz
Pharmausabuyonline.com
Ivantagehealth.net
ushealthworks.net
orderpharmaonline.com
implantologiadentalepisa.com
Pharmapillsdiscount.com
Lifestore24x7.com
Pharmashopbiz.com
safest place to buy levitra online
viagra buy online india
prednisone online sales
where to buy generic cialis online safely
buy levitra ireland
where can i buy viagra in nz
buy prednisone online australia
buy viagra cialis or levitra
buy levitra ireland
where can i buy viagra in nz
buy prednisone online australia
buy viagra cialis or levitra