Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow CC во медиумите
Легендата за зелениот змеј Испечати Е-пошта
27.03.2008.
„Легендата за зелениот змеј“ е римејк на светски популарната игра за повеќе играчи базирана на текстот „Легендата за црвениот змеј“ (Legend of the Red Dragon - LoRD), наменета за локалните вљубеници во игрите базирани на епска фантастика.
Прочитај повеќе...
 
„Викихау“ - прирачник што секој може да го дополнува и уредува Испечати Е-пошта
27.03.2008.
„Викихау“ е колаборативен проект за пишување, чија цел е изградба на најголемиот и најбогатиот прирачник на светот. Прилозите на читателите овозможуваат создавање извор на знаења, кој нуди јасни, концизни решенија за проблемите од секојдневниот живот. Засега волонтерите имаат внесено скоро 11 илјади написи, од како се фрла бумеранг, до како да посвоите бебе од Кина.
Прочитај повеќе...
 
Кодот е закон Испечати Е-пошта
27.03.2008.
„Кодот и другите закони на киберпросторот“ е книга од Лоренс Лесиг, основачот на Криејтив комонс, која е преведена на хрватски и достапна бесплатно преку Интернет под лиценцата што дозволува умножување, дистрибуција и преработка доколку се наведе изворот (авторот и преведувачот) и новото дело се објави под исти услови под кои е примено.
Прочитај повеќе...
 
ИО-фото Испечати Е-пошта
27.03.2008.
„ИО фото“ е фотоблог на млад уметник од Скопје, кој ги споделува своите фотографии од Македонија. Тематиката е најразновидна, од пејзажи и архитектура, до луѓе и статуи. Во сите случаи се работи за дела со висок квалитет, кои се достапни во мала и поголема верзија.
Прочитај повеќе...
 
Музика во јавна сопственост Испечати Е-пошта
27.03.2008.
Интернет е главно современо средство за ширење и споделување музика низ светот, надминувајќи ги со брзина, ефикасност и цена старомодните методи на издавање „носачи на звук“. Притоа особено е важно да се знае кој пее, а кој плаќа, оти буквалното следење на законите на авторски права може да доведе до тоа обичните корисници ненамерно да бидат прогласени за криминалци.
Прочитај повеќе...
 
Бладспел Испечати Е-пошта
27.03.2008.
„Бладспел“ (магија на крвта) е целовечерен филм направен со технологијата машинима - снимен со користење на компјутерската игра „Невервинтер најтс“. На веб-сајтот е достапен во форма на серија од 14 кратки епизоди.
Прочитај повеќе...
 
Меѓународна мрежа за слободен софтвер Испечати Е-пошта
27.03.2008.
Меѓународната мрежа за слободен софтвер за кој се користи синонимот „софтвер со отворен код“ е центар што собира најдобри практики и шири знаења. Основана од УНДП, нејзините активности се обликувани околу апликации од областа на слободниот софтвер, за да се поттикнуваат јавното застапување и вмрежување на таа тема во регионот Азија-Пацифик.
Прочитај повеќе...
 
Македонски автори под лиценцата „Криејтив комонс“ Испечати Е-пошта
27.03.2008.
Мултимедијална средба со македонски автори што објавуваат под лиценцата „Криејтив комонс“ (светски позната лиценца што овозможува ширење слободна култура) ќе се одржи вечерва во 20.30 часот во културниот центар „Точка“.


Извор: Време, датум на објавување: 29.11.2007
 
Алекс Букарски, писател и блогер Испечати Е-пошта
27.03.2008.

Алекс Букарски е еден од највлијателните и најчитани македонски блогери, ветеран на медиумот кој се истакнува со продуктивноста и провокативноста. Последниот потег насочен кон...

Извор: Време, датум на објавување: 01.12.2007

 
Македонија станува дел од светот на слободната култура Испечати Е-пошта
27.03.2008.
Светскиот бренд Криејтив комонс влегува кај нас
Филип Стојановски


На многумина навикнати на практиките на првобитната акумулација на капиталот што ја искусиле во Македонија може да им биде чудно што некои од најпознатите брендови во светот на Интернет не се ориентирани кон алчно собирање профит.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 16 - 26 од 26

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia