Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow CC во медиумите
Криејтив комонс во „Викенд“ Испечати Е-пошта
21.04.2008.

kk-vo-vikend.gif Во најновиот број на прилогот „Викенд“ беше објавено интервју со двајца претставници од Фондацијата Метаморфозис кои во таа прилика зборуваа за проектот Криејтив комонс во Македонија. Текстот, пред сè, ги истакнува позитивните аспекти од споделувањето е-содржини за крајните корисници на истите, иако го објаснува и начинот на кои Криејтив комонс лиценците функционираат, како и улогата на овој портал во целата таа активност. Зад линкот ќе го најдете целото интервју во пдф формат.

Извор: Викенд, бр. 516, датум на објавување: 19.04.2008
Автор: Емилија  Маневска

 
Creative Commons International Испечати Е-пошта
14.04.2008.

cc_newsletter.jpg Macedonia — June 19, 2007 in Skopje: Alongside the successful launch event attended by 120 visitors, Metamorphosis Foundation published the opening of the Macedonian portal intended for encouraging e-content development and their promotion.
• Macedonian versions of Creative Commons licenses presented (http://www.metamorphosis.org.mk/content/view/929/26/lang,en/)
• Creative Commons Content Portal for Macedonia (http://www.cc.org.mk/)

Извор: Creative Commons Newsletter, Issue No.6, April 2008 (pdf)

 
ЕДРИ Испечати Е-пошта
9.04.2008.
ЕДРИ (Европски дигитални права) е асоцијација основана во јуни 2002 година. Неа ја сочинуваат организации што се занимаваат со приватност и граѓански права на Интернет. Вкупно ги има 21, од 14 земји, меѓу кои и фондацијата „Метаморфозис“ како претставник од Република Македонија.
Прочитај повеќе...
 
Училишна мрежа во Намибија и стрипот „Хаи ти“ Испечати Е-пошта
9.04.2008.
„Скул нет“ , односно „Училишна мрежа“, е непрофитен провајдер, кој овозможува бесплатен пристап на Интернет, хардвер и обука за повеќе од 450 училишта од Намибија. Проектот со училиштата почнал во 2000 година и се базира на употреба на слободен софтвер, особено на приспособена верзија на „Линукс“ и апликации како „Опен офис.“
Прочитај повеќе...
 
Блогот „Комуникации“ Испечати Е-пошта
9.04.2008.
„Комуникации“ е блог за Интернет, ТВ, радио, масовни медиуми, реклами, емисии и за многу други работи. Настанат како резултат на интересирањата на група постдипломци по комуникологија, работата на него доведе до истакнување на Дарко Булдиовски, еден од најактивните популаризатори на блогерството, и во академската и во јавната сфера.

Прочитај повеќе...
 
Нова книга: Безжично поврзување во земјите во развој Испечати Е-пошта
9.04.2008.
„Безжична инфраструктура може да се изгради по цена далеку помала од традиционалните жичени алтернативи. Но вакви мрежи само делумно се градат заради заштеда. Преку обезбедувањето поевтин и полесен пристап до информациите за луѓето од локалните заедници… се штедат и време и напор, а пристапот до глобалната информациска мрежа води до богатство на локално ниво, оти може да се заврши повеќе работа“, велат авторите на книгата „Безжично поврзување во земјите во развој - практичен водич за планирање и за изградба на телекомуникациска инфраструктура со ниски трошоци“.

Прочитај повеќе...
 
Блогот Панта реи Испечати Е-пошта
9.04.2008.
Името на блогот Панта реи доаѓа од изреката на старогрчкиот филозоф Хераклит „се тече, се се менува“. Теми на блогот се технологија и наука, компјутери, развој на софтвер, економија и политика.
Прочитај повеќе...
 
„Мемори алфа“ - архива на знаења за „Ѕвездени патеки“ Испечати Е-пошта
9.04.2008.
„Мемори алфа“ е колаборативен енциклопедиски проект чија цел е да се направи најкомплетна, најточна и најдостапна збирка на информации за фиктивниот универзум на „Ѕвездени патеки“.
Постои од 2003 година, а до 2006-та во англиската верзија се внесени над 17. 000 написи, што ја прави еден од најголемите проекти од типот вики на Интернет.
Прочитај повеќе...
 
Отворена демократија Испечати Е-пошта
9.04.2008.
Веб-сајтот „Отворена демократија “ го препорачува Томислав Медак, медиумски теоретичар од Мултимедијалниот институт од Загреб (www.m2.hr ) и една од клучните личности на движењето за слободна култура на Балканот.
Прочитај повеќе...
 
Мак PC world Испечати Е-пошта
9.04.2008.
Веб-сајтот Мак PC world е наменет за развој на информатичката култура во Македонија преку презентирање разновидни информации од оваа област, од вести за тековни настани до одбележување на историскиот развој. Основан од група студенти по информатика, тој својата цел ја врши преку нудење два вида содржини: написи  подготвени од редакцијата и  текстови и информации од  читателите преку форумот.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 15 од 26

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia