|
21.04.2008. |
Во најновиот број на прилогот „Викенд“ беше објавено интервју со двајца претставници од Фондацијата Метаморфозис кои во таа прилика зборуваа за проектот Криејтив комонс во Македонија. Текстот, пред сè, ги истакнува позитивните аспекти од споделувањето е-содржини за крајните корисници на истите, иако го објаснува и начинот на кои Криејтив комонс лиценците функционираат, како и улогата на овој портал во целата таа активност. Зад линкот ќе го најдете целото интервју во пдф формат.
|
|
|
21.04.2008. |
|
Вечерва, со почеток во 20:30 часот, во културниот центар Точка ќе биде промовирано печатеното издание на книгата „Варски и други раскази“ која првично беше издадена во електронска форма под Криејтив комонс, а чиј автор е Душко Гошевски.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
31.03.2008. |
|
Од денес, во електронска верзија, стана бесплатно достапен за преземање романот „Мојот Скендербеј“ од Драги Михајловски. Со тоа, се заокружува процесот на дигитализација на неговите дела кој траеше цели два месеци. За ова време, вкупно 14 дела од овој македонски професор, преведувач и писател, станаа бесплатно достапни за преземање од веб-порталот за авторски содржини од македонски автори и уметници.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
24.03.2008. |
Минатата недела, во пречек на викендот кој следуваше, порталот за авторски содржини го збогати едно дигитално дело какво што досега не било објавено од македонски автор, а притоа заштитено со Криејтив комонс лиценца. Се работи за делото на Маргарита Иванова, позната помеѓу блогерите како Леонова, која на својот блог, повеќе од година и пол, објавуваше, помеѓу останатото, убави зборови во поетска форма. Конечно, реши да го спакува најдоброто од својата поезија во едно дело и со тоа на своите песни да им даде безвременска димензија и неограничена достапност.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
20.03.2008. |
|
Оваа недела на порталот за авторски содржини беа објавени последните две драми од Вилијам Шекспир зад кои како преведувач стои Драги Михајловски и кои во овој циклус на објавување за првпат станаа достапни во електронска форма, на македонски јазик. Двете драми се комедии и како и останатите дела кои беа објавени од овој автор, заштитени се со Криејтив комонс лиценцата: Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
14.03.2008. |
|
Оваа недела три нови драми од Вилијам Шекспир го збогатија порталот за авторски содржини заштитени со Криејтив Комонс лиценци. И овој пат се работи за преводи од Драги Михајловски, кои за првпат овде стануваат достапни во електронска форма.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
5.03.2008. |
|
Оваа недела, во електронска форма станаа достапни уште две драми од Вилијам Шекспир, преведени на македонски јазик од Драги Михајловски, како и една авторска збирка раскази од овој македонски преведувач и писател.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
25.02.2008. |
|
Оваа недела, продолжува објавувањето на делата од Драги Михајловски во електронска форма. Категоријата Литература на овој портал, денес ја збогатија драмите „Со сила убавина не бидува“ и „Танте за кукуригу“, двете напишани од перото на Вилијам Шекспир. Жанровски, двете драми се комедии, но „Танте за кукуригу“ ја карактеризира сериозен и мрачен тон, заради што се смета за најмрачната комедиja на Шекспир.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
20.02.2008. |
Од неодамна, архивата на дела од македонски автори почнаа да ја збогатуваат преводите на драмите од Вилијам Шекспир зад кои стои македонскиот професор, преведувач и писател Драги Михајловски. Сакајќи да ги направи своите дела достапни и за оние „кои не секогаш се во можност да купат книга“, како и за луѓето „кои не живеат во Македонија“, Драги Михајловски е среќен што на овој начин може уште повеќе да допринесе за ширење на македонската реч и култура воопшто.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
8.02.2008. |
|
„Писателот Варски и други раскази“ е првото литературно дело на Душко Гошевски, повеќе познат како Дуле Варваринот од Валандово, кое од денес стана достапно за преземање преку Интернет во пдф формат. Книгата е заштитена со Криејтив комонс лиценца, благодарение на која секој заинтересиран читател, може да ја преземе, прочита, умножува и адаптира, се додека правејќи го тоа, го наведува авторот на делото и истото не го користи за комерцијални цели.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|