|
24.09.2008. |
Со официјалното завршување на летото, на 23 септември, официјално го
затворивме Криејтив комонс конкурсот за избор на најдобра фотографија
или видео клип снимени со мобилен телефон.
Сите фотографии кои беа објавени во категоријата „Криејтив комонс
конкурс“, заклучно со вчерашниот ден, се поставени во посебна галерија
на веб-сајтот Криејтив комонс Македонија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
18.09.2008. |
Новото издание на „Филолошки студии“ за 2008 г. е објавено на веб-сајтот www.philologicalstudies.org одржуван од Фондацијата Метаморфозис која ја поддржува оваа научна публикација со отворен пристап.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
25.08.2008. |
Неодамна, групата млади ентузијасти кои работат под името „МАСТЕР Интерактив“, а се занимаваат со изработка на краткометражни филмови, ја лиценцираа својата работа под Криејтив комонс. Филмските дела се поставени на официјалниот веб-сајт на клубот и им се на располагање на посетителите , се додека тие ги почитуваат условите пропишани во лиценцата: Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови 2.5 Македонија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
17.07.2008. |
Неодамна објавениот сајт на Дигиталниот архив на македонскиот јазик на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика на МАНУ, наменет за промоција на ретки книги и материјали поврзани со македонскиот јазик во дигитална форма, се здоби со Криејтив комонс лиценцата Наведи извор 2.5 Македонија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
11.07.2008. |
Блогерот Дејан Велковски, кој неодамна го објави блог-романот „Грабежот“, денеска промовираше ново дело под Криејтив комонс. Се работи за збирката поезија со наслов „Б. (или поезија за луѓето што презираат поезија)“, со која има победено на анонимен конкурс. Збирката антипоетски текстови првично беше издадена во печатено издание, а отсега е достапна и во електронско под лиценцата Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.
|
|
|
2.07.2008. |
|
Тема: „лето“
Криејтив комонс Македонија објавува конкурс за најдобра фотографија или најдобар видео клип направени со помош на вградена камера од мобилен телефон. Темата е „лето“ по повод стапувањето на ова годишно време, а конкурсот ќе трае до 23 септември, односно до крајот на летото.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
19.06.2008. |

Интересен склоп од песни, интервјуа и фотографии кои го одбележуваат она што Јурак от Петроф го остава зад себе на својот блог, вчера беше објавен во вид на е-книга на порталот за авторски содржини, под Криејтив комонс лиценца.
„Хенк ова не го правел никогаш“ е насловот на делото објавено во PDF формат и слободно за преземање од страна на заинтересираната читателска публика.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
2.06.2008. |
|
Минатата недела блогерот, писател и поет Дејан Велкоски го објави својот блог-роман „Грабежот“ на македонскиот портал за Криејтив комонс лиценцирани дела. Дејан Велковски е повеќе познат помеѓу блогерите по своите блогови-Пишуванки кои ги одржува на две различни блог платформи, едниот на Блогспот, а другиот на македонскиот Блогерај.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
26.05.2008. |
|
Македонскиот уметник Оливер Мусовиќ е еден од учесниците на биеналето кое се одржа во периодот 23 мај-21 јуни, 2008.
Биеналето во Букурешт (ББ)
ја промовира свеста за културата и нејзиното распространување, особено
во областа на уметноста, преку размена и културна соработка во Европа и
пошироко.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
22.04.2008. |
На почетокот на овој месец, две нови е-книги беа објавени на порталот за авторски содржини: www.cc.org.mk, под Криејтив комонс лиценцата Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. Автор на овие дела е Акиле Еминова, која оваа недела ни кажа нешто повеќе за себе.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>
|
| Резултати 11 - 20 од 40 |